Бугарскиот Патријарх Максим чиноначалствуваше со празничните богослуженија за Божик
 
 
 
 
 

Бугарскиот Патријарх Максим чиноначалствуваше со празничните богослуженија за Божик (26.12.2009)

Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Максим чиноначалствуваше на Божествената Литургија за Рождество Христово во патријаршиската катедрала на свети Александар Невски. Му сослужуваа шестмина Епископи на БПЦ.

На крајот од празничната богослужба Епископот Наум, секретар на Светиот Синод на БПЦ, го прочита Божикното послание на Светиот Синод до клирот и народот на БПЦ.

На Бадник Неговата Светост отслужи празнична богослужба и го испрати својот благослов на православните Бугари во татковината и надвор. Патријархот повика да се стремиме да живееме според заповедите на Богочовекот Христос – со љубов кон Бога и кон ближните.

Двете празнични богослуженија директно се пренесуваа на првиот канал на Бугарската телевизија. Оваа година се навршуваат 20 години од почетокот на директен пренос на празничните богослуженија на Бугарската телевизија. На овој начин православните служби во патријаршиската катедрала стигнуваат до секој дом.

 

Извор: Дверибг.нет