Седница на Светиот Синод на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Седница на Светиот Синод на Руската Православна Црква (26.12.2009)

На 25 декември во работната Патријаршиска резиденција под претседателство на Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил започна последната во 2009 година седница на Светиот Синод на Руската Православна Црква.

 

„Во текот на оваа година беа донесени важни одлуки, кои се однесуваат на промената на структурата на централното црковно управување: беа создадени нови Синодални органи, претрпе значителна ревизија работата на постоечките Синодални установи, - рече Светиот Владика – Треба да се каже дека резултатите од донесените одлуки, особено на оние од седницата во Даниловскиот манастир на 31 март, во полна мера ја покажуваат својата правовременост и неопходност“.

 

На седницата на 25 декември 2009 година се разгледаа резултатите од промените направени во структурата на црковното управување и се анализираа голем број документи и одлуки што се однесуваат на подобрување на црковниот живот.  

 

Светиот Синод на Руската Православна Црква на оваа седница ја одобри службата на Соборот на преподобните Оптински старци, подготвена од Синодаланата богослужбена комисија, и ја препорача за општоцрковна богослужбена употреба. Текстот на одобрената служба е предаден во Издавателството на Московската Патријаршија за печатење.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Патриархиа.ру