Архиерејска Литургија и ракополагање во свештенички чин во Скопје
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија и ракополагање во свештенички чин во Скопје (15.01.2010)

Денес, кога Светата Црка го слави празникот на Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики Архиепископ Кесариски, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје. На Светата Литургија Архиепископот г.г. Стефан го ракоположи ѓаконот Горан Стојчевски во свештенички чин.  Многубројниот верен народ се причести со Свете Христови Тајни.

На крајот од Светата Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, се обрати кон присутниот верен народ со пригодна реч, посакувајќи им успешна Нова Година.

 

    

 

    

 

    

 

     

 

    

Известува: Калина Трпеска