Недела на простувањето во Москва (19.02.2010)
Православните христијани во Русија и Украина во еден ден ги отпразнуваа Неделата на простувањето и Сретение Господово. Иако Сретение Господово се празнува на 15 февруари по стар стил, според типикот празнувањето на овој голем празник се поместува во денот пред почетокот на Великиот пост, бидејќи таков голем празник не се чествува во првата седмица од постот.
Рускиот патријарх Кирил во Неделата на простувањето отслужи Вечерна служба во храмот на Христос Спасителот во Москва и побара прошка од сите верници. Тој рече: „Целта на постот е целосна промена на животот и на мислењето, затоа пред неговиот почеток треба да побараме прошка за своите грешки“. Во храмот на Христос Спасителот присуствуваа повеќе од 1000 луѓе, кои побараа прошка од духовниците и еден од друг.
Извор: Дверибг.нет