Благодатниот оган слезе над гробот Господов
 
 
 
 
 

Благодатниот оган слезе над гробот Господов (03.04.2010)

Во 13.07 часот, после кратката молитва (која траела само 7 минути) на Ерусалимскиот Патријарх Теофил и неколку десетици илјади поклоници, собрани во храмот и низ тесните улички околу него, Благодатниот оган повторно слезе над гробот Господов во храмот на Воскресението Христово во Ерусалим. Светиот оган од година во година се спушта над камениот гроб, на којшто било поставено телото Господово после симнувањето од Крстот.

Симнувањето на Благодатниот оган го симболизира излегувањето од гробот на Вистинската Светлина, т.е. Воскресението Христово. Првото спомнување за чудото на благодатниот оган имаме уште во 4 век, но сигурни сведоштва се од 9 век. Најраниот опис ни е оставен од латински поклоник – монах Бернард. Во 867 година тој го опишува тоа што се случило, на што самиот тој бил очевидец:

„На Велика Сабота, во навечерието на Пасха, на утринското црковно богослужение во храмот на Гробот Господов, кога се пее „Кирие елеисон – Господи помилуј“ – слегува Ангел и ги запалува кандилата што висат над Гробот Господов. Патријархот го раздава тој оган на епоископот и на крај на целиот народ, за да може секој да си запали од тој оган во својот дом...“

 

Извор: Дверибг