Рускиот Патријарх во посета на Александриската Патријаршија
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх во посета на Александриската Патријаршија (12.04.2010)

Рускиот Патријарх Кирил е во официјална посета на Александриската Црква, којашто е втора во хиерархијата на помесните Православни Цркви и е вклучена во рамките на обиколката на поглаварот на Московската Патријаршија на сите автокефални Православни Цркви. Патријархот Кирил изјави дека заедно со Александрискиот Патријарх Теодор II се договориле за заеднички развој на руската црковна мисија на африканскиот континент. „Се договоривме таму каде што е неопходно да бидат изградени руски храмови за рускојазичната паства“, изјави на прес-конференцијата во Каиро. Патријархот исто така изјави дека е подготвен да испрати руски духовници, а исто така и да преземе материјална одговорност за организацијата на руските храмови. Тој му предложи на Патријархот Теодор II да испрати за обука во руските духовни училишта млади како од грчката дијаспора, така и од локалното население.

 

Патријархот Кирил ја пофали мисионерската активност на Александриската Патријаршија на африканскиот континент со зборовите: „Александриската Патријаршија обединува под својот омофор мноштво нации и земји. На ист начин и Руската Црква го чува единството во духот на народите коишто сега населуваат различни земји, но принадлежат кон едното пространство на Светата Русија“. Пред почетокот на прес-конференцијата беше отслужен молебен на грчки и арапски јазик.

Досега Руската Црква испраќаше руски духовници коишто служеа под јурисдикција на Александриската Патријаршија. Африканскиот континент е единствениот каде што по премолчно согласување единствената јурисдикција е онаа на Александриската Патријаршија, а помесните Цркви, вклучувајќи ја и Цариградската Патријаршија немаат претензии за отворање на свои структури таму.

 

Известува: Дверибг.нет