Скопските советници примени од Вселенскиот патријарх Вартоломеј (20.03.2010)
Во рамките на посетата на збратимениот град Истанбул, во Република Турција, делегацијата на Советот на град Скопје, во чиј состав беа советниците Анета Стојановска, Александар Бичиклиски, Силјан Јаковлески и раководителот на сектор за образование Даниела Адамова, на 20. март, имаше несекојдневна чест да биде најтопло пречекана во просториите на Вселенслата Патријаршија, каде оствари едночасовна средба и со Неговата сесветост, Вселенскиот патријарх Вартоломеј. На средбата советниците го поканија Цариградскиот Патријарх да го посети главниот град на Република Македонија, а тој упати благослови за успешно завршување на започнатото дело.