Осветување на мотоцикли во московскиот мото-центар
 
 
 
 
 

Осветување на мотоцикли во московскиот мото-центар (14.04.2010)

Мотоциклите на московските мотоциклисти ќе бидат благословени пред отворањето на новата сезона.

Железните коњи ќе бидат осветени во мото-центарот во сабота, на 17 април“, рече претседателот за информации и издаваштво на синодалниот младински Оддел на Московската Патријаршија, јеромонах Димитриј (Першин).

Според отец Димитриј, „гледаме како Русија ја возобновува средновековната витешка култура“.

„Витезите не биле ангели во тело. Нашите коњи станаа железни, но Господ и вечноста остануваат исти. Ние сме сведоци на апсолутно новиот феномен – синтеза на средновековните вредности и денешните модерни коњи“ , вели свештеникот.

Од своја страна претседателот на мото-клубот Александар („Хирург“) Залдостанов соопшти дека на мотоциклистите од Радоница им недостасуваат денови за да ги посетат сите гробишта каде што се погребани оние што загинале во сообраќајни несреќи на мотор.

„Јас самиот два пати сум лежел меѓу небото и земјата. Господ ме чуваше и не ме остави инвалид“ - вели тој.

Мотоциклистите напомнаа за одговорноста на возачите за своите и за туѓите животи, што „е товар врз плеќите“.

 

Извор: Интерфакс