Божествена Литургија во Харбин, Кина
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Харбин, Кина (15.04.2010)

На 11 април 2010 година, на Томина недела, свештеникот Михаел Ванг Куаншенг, клирик на Кинеската Автономна Православна Црква, кој е во пензија и кој живее во Шангај, со дозвола на државните власти отслужи Божествена Литургија во црквата на Покров во Харбин.

Отец Михаел Ванг е ракоположен за свештеник од Епископот Симеон на Шангај во 1958 година.

Покрај 50-мина православни кинески граѓани на Божествената Литургија присуствуваа и Руси кои живеат или престојуваат во Харбин. Многумина од нив се причестија со Светите Христови Тајни. После службата околу црквата беше направена литија. Божествената Литургија беше отслужена на словенски јазик; а некои од молитвите се читаа на кинески јазик. Отец Михаел го прочита велигденското послание на кинески. Името на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил беше спомнато за време на службата. Додека не се избере Поглавар на Кинеската Автономна Црква, Рускиот Патријарх има директна канонска грижа за паствата.

На 4 април 2010 година, на празникот Воскресение Христово, пасхална Утрена и Литургија беше отслужена во црквата на Покров во Харбин. Повеќе од стотина верници присуствуваа на богослужбата, а многумина од нив се исповедаа и причестија со Светите Христови Тајни. Со дозвола на регионалниот оддел за верски работи и на барање на православните руски жители на Хабрин, јеромонахот Стефан, кој допатува во Кина со благослов на Митрополитот Иларион Волоколамски, отслужи велигденска Божествена Литургија во црквата на Покров во Харбин.

Православните верници што живеат во Харбин, вклучувајќи ги и руските жители десет години се собираа во „Рускиот клуб во Хабрин“ и се трудеа да добијат дозвола за извршување на богослужби. Ова прашање беше дискутирано меѓу Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија и државната администрација за верски работи на Народна Република Кина, а исто така и во разговорот на Митрополитот Иларион со лидерите на регионалните администрации за религиозни работи и администрацијата на градот Хабрин на 19 ноември 2009 година за време на посетата на делегацијата на претседателскиот совет за соработка со религиозните асоцијации и Одделот за надворешни црковни врски на МП на Народна Република Кина.

 

    

 

                             

 

                             

 

Извор: Orthodox.cn