Патријархот Кирил го нарече успешна инвестиција воведувањето на Основи на православната култура во училиштата
 
 
 
 
 

Патријархот Кирил го нарече успешна инвестиција воведувањето на Основи на православната култура во училиштата (18.04.2010)

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил смета дека часовите по православна култура во училиштата ќе му обезбедат на руското општество стабилна иднина.

„Тоа се многу правилни инвестиции во нашата иднина, во сознанието и во душите на нашите деца“ – рече патријархот Кирил во четвртокот на церемонијата на која беа наградени победниците на II Серуска Олимпијада по Основи на православната култура во храмот на Христос Спасителот.

Тој забележа дека со посредство на часовите по Православие „земјата и народот ќе се приопштат кон тие величествени вредности кои се содржани во нашите културни традиции и го формираат нашиот поглед на светот“.

Човекот без поглед на свет, според зборовите на патријархот Кирил, „е сличен на лист откинат од дрво“ или марионета, подложен на влијанието на брзо минливата мода и различните стереотипи на мислење.

„Но за да се биде силен и успешен, за општеството да биде солидарно, а земјата голема, треба да имаме цврст систем на вредности“ – смета претстојателот на Руската Црква.

Според него, часовите по православна култура му овозможуваат на руското општество да се избави од неопходноста „да измислува каква било нова идеологија“, и му помагаат „да се обрати кон огромните можности на сопствената културна традиција“.

На крајот патријархот Кирил ги награди победниците на Олимпијадата.

 

Извор: Интерфакс