Во Мадрид поставен камен-темелник за соборен храм на Романската епархија во Шпанија и Португалија
 
 
 
 
 

Во Мадрид поставен камен-темелник за соборен храм на Романската епархија во Шпанија и Португалија (18.04.2010)

На 18 април, за време на својата посета на Шпанија, Романскиот Патријарх Даниил постави камен-темелник на идниот соборен храм на епархијата во Шпанија и Португалија на Романската Православна Црква, којшто ќе се наоѓа во Мадрид. Според зборовите на Епископот Тимотеј, паствата во Мадрид е околу 32.000 верници. Покрај соборниот храм ќе биде изграден и комплекс којшто ќе вклучува: административен центар на епархијата, епископска резиденција, социјален центар и училиште каде што ќе можат да учат децата од романската православна заедница. Заради добивање на дозвола за градење во јуни ќе биде предаден проект до Градската управа. Потоа, ќе бидат потребни два месеци за организирање на работата, така што се планира целата работа да заврши за 24 месеци. Изградбата ќе чини 5 милиони евра. Соборниот храм ќе биде изграден на површина од 450 m2 од вкупно 1.500 m2 на кои ќе биде сместен целиот комплекс.

На Божествената Литургија на Романскиот Патријарх му сослужуваа од Романската Црква: Митрополитот Јосиф, Архиепископот на Алба Јулиа Андреј, Епископот на Италија Силуан, Епископот на Шпанија и Португалија Тимотеј, Епископот на Северна Европа Макариј, Епископот на Њамц Марк; а присуствуваше и Архиепископот Поликарп (Цариградска Патроијаршија) како и други претставници на локалната и националната политичка власт.

 

    

 

      

 

 

Извор: Basilica