Рускиот Патријарх Кирил смета дека изградбата на храмови во Русија ќе го помогне нејзиниот економски развој (21.04.2010)
Патријархот на Москва и цела Русија Кирил ја гледа заемната поврзаност меѓу изградбата на нови цркви во земјата и успесите на нејзиниот економски развој.
„Ние денес градиме цркви не затоа што имаме многу пари. Никогаш нашиот народ не давал за изградба на храмови од вишокот, туку напротив. Но, знаеме дека со Бог ќе ги постигнеме целите што ќе си ги поставиме како држава и како народ“ - рече Патријархот Кирил во понеделникот после богослужбата во новоосветената црква на свети Георгиј во Чељабинск.
Тој потсети дека црквата на Христос Спасителот во Москва била изградена „во најстрашното време во средината на деведесеттите, кога земјата имала многу проблеми“.
Според Патријархот, благодарение на изградбата на новите цркви во Русија може да се решат „и економските проблеми кои сега го прекриваат нашиот пат“.
Тој потсети дека во Советскиот Сојуз се вложувале големи напори за да се изгради голема држава „огромен човечки потенцијал го поткрепуваше образованието, науката, индустријата, и во даден момент ни се причини дека можеме да го постигнеме тоа, и дека луѓето ќе станат среќни."
„Луѓето ги жртвуваа своите животи. Бараката тогаш беше нешто измислено за во иднината, затоа што сите живеевме во колиби“ - рече патријархот. Сепак, рече тој, овие напори не доведоа до очекуваните резултати. Како резултат на тоа, „ние ја уништивме сопствената држава и ја фрливме во хаос, бидејќи сите сакавме да направиме нешто без Бога, самоуверено потпирајќи се на сопствената сила.“
Зборувајќи за распаѓањето на СССР, патријархот Кирил рече дека во неговата основа не лежеле економски причини: „ниту еден истрел не се слушна при тоа, но овој распад се случи во нашите умови и нашите срца.“
Извор: Интерфакс