Повеќе од илјада наркозависници поминаа низ рехабилитација во Православниот центар во Ставропол
 
 
 
 
 

Повеќе од илјада наркозависници поминаа низ рехабилитација во Православниот центар во Ставропол (24.04.2010)

Повеќе од половина од штитениците на Центарот за рехабилитација „Свети Спас – Свето Преображение“ во месноста Темнолеска, Ставропол, повторно се врати на живот без дрога.

Над илјада луѓе веќе поминаа низ рехабилитација во Центарот, „половина од нив се вратија во нормален живот како луѓе со длабока вера, воспитани во преданието на Руската Православна Црква“, соопштува прес-службата на регионалната администрација.

„Главната карактеристика на работата на Центарот е воцрковувањето на штитениците, иако тоа секако не е задолжително за припадниците на другите вероисповеди. Рехабилитираните извршуваат различни послушанија (задолженија) во храмовите, при што советниците го имаат послушанието на прислужник – се вели во соопштението.

Строгиот режим на денот, забраната за вршење на сите лоши навики, занимавањето со земјоделие се гаранција за успешната рехабилитација на штитениците, смета раководителот на Ставрополското православно братството „Свети Дух“, Николај Новопашин.

Тој вели дека дури и слободното време во Центарот е организирано така што воспитаниците да не се соочуваат со деструктивни искушенија.

„Ние сакаме да им пренесеме на младите дека наркоманијата е страшна бездна од која бегството е исклучително тешко и дека секој има право на свој избор, и дека е најважно тој да биде промислен и единствениот вистински“ - подвлече Н. Новопашин.

Центарот е основан во 2004 година со благослов на Архиепископот на Ставропол и Владикавказ Теофан. Во моментов, под покровителство на Центарот на територијата на овој крај дејствуваат 10 ограноци (еден женски и девет машки центри за рехабилитација), во кој секојдневно повеќе од 150 луѓе ја добиваат потребната медицинска, психолошка и духовна помош.

 

Известува: Интерфакс