Цариградскиот Патријарх ќе ја посети Сливенската епархија на Бугарската Православна Црква (26.04.2010)
На покана на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, на 18 и 19 мај 2010 година, Неговата Светост Цариградскиот Патријарах Вартоломеј ќе ја посети Сливенската епархија, поточно градовите Бургас, Несебар, Созопол и Свети Влас.
Посетата е по повод решението на раководството на Бургаскиот слободен универзитет Неговата Светост Патријархот Вартоломеј да биде удостоен со почесна титула „доктор хонорис кауза“ на универзитетот.
Домаќин на високиот гостин ќе биде Неговото Високопреосвештенство Сливенскиот митрополит Јоаникиј.
Посетата ќе биде по програма изготвена од Сливенската Митрополија, Светиот Синод на БПЦ, протоколот на Цариградската Патријаршија во Истанбул и протоколот на Владата на Република Бугарија.
При врачувањето на почесната титула се очекува да присуствуваат: претседателот на Владата на Република Бугарија г. Бојко Борисов, министерот г. Божидар Димитров, градоначалникот на Бургас и други официјални лица.
Извор: Bg-patriarshia.bg