125 години од признавањето на автокефалноста на Романската Православна Црква од Цариградската Патријаршија (29.04.2010)
На 25 април 1885 година, Цариградската Патријаршија во Цариград ја призна автокефалноста на Романската Православна Црква. Синодот на Патријаршијата тогаш ги разгледа писмата пристигнати од Романија и испрати одговори во Романија преку романскиот претставник во Цариград. Цариградскиот Патријарх Јоаким IV го испрати Томосот за автокефалност до Поглаварот на Романската Православна Црква, Митрополитот Калиник Миклеску, претседател на Светиот Синод, со кој „со духовна радост ја благословува Романската Православна Црква признавајќи ја нејзината автокефалност и нејзиниот поглавар“. Тогаш Царигардскиот Патријарх Јоаким IV испрати и писмо за признавањето на автокефалноста дадена на Романската Православна Црква до сите помесни Православни Цркви, поточно до Патријаршиите на Александрија, Антиохија и Ерусалим, како и до Руската, Грчката, Српската и до Кипарската Архиепископија.
Документот беше плод на долга дипломаткска активност на романските архиереи и на државни преставници кои со историски факти го поткрепуваа предметот на Романската Православна Црква во Цариградската Патријаршија. Следејќи го текот на историјата на државата, Црквата на независна Романија имаше право на своја автокефалност. Со Томосот од 25 април 1885, Цариградската Патријаршија повеќе не се смета за Мајка-Црква и ја прифаќа својата природна позиција на сестра-Црква на Романската Православна Црква.
2010 година е „Година на почитување на Православниот Симбол на верата и на Романската Автокефалност“ во Романската Патријаршија. Ова беше прифатено на иницијатива на Романскиот Патријарх, со одобрение на Светиот Синод на Романската Православна Црква, за време на седницата од 18-19 јуни 2009.
Извор: Basilica.ro