Моторизирана литија во спомен на хаваријата во Чернобил (29.04.2010)
Во неделата на 25 април поглаварот на автономната Украинска Православна Црква на Московската Патријаршија, Митрополитот Владимир, ја благослови во својата резиденција во Киев моторизираната литија по повод 24-тата годишница на хаваријата во Чернобил.
Организатори на овој настан се Военото одделение на Киевската епархија, Синодалното одделение „Црква и култура“ и Киевскиот мото-клуб „Ноќни волци“.
Благословувајќи ги мотоциклистите, Митрополитот Владимир им посака среќен пат и Божја помош во нивните добри намери преку кои, според него, се пројавува љубов кон татковината и Црквата.
Архипастирот потоа ги попрска со света вода моторите и славскиот колач кој го донесоа мотоциклистите. На крајот, Митрополитот на сите присутни за благослов им подели икони на Господ Исус Христос.
Литијата ќе се движи по маршрутата Киев–Чернобил, каде што после два дена во храмот на свети Илија ќе се служи помен на настраданите во чернобилската несреќа.
Извор: Украинска Православна Црква