Во Софија 10.000 луѓе учествуваа во литијата за воведување на веронаука
 
 
 
 
 

Во Софија 10.000 луѓе учествуваа во литијата за воведување на веронаука (30.09.2010)

Околу 10.000 луѓе учествуваа во литијата предводена од Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Максим, која во петок на 24 септември помина по улиците на Софија, во знак на поддршка за воведување веронаука во наставниот програм на училиштата во Бугарија.

Литијата, после петнаесетминутното ѕвонење на камбаните од сите православните храмови во Бугарија, во 12 часот тргна од зградата на Националниот дом за култура кон патријаршискиот храм на свети Александар Невски. После молебенот, којшто на плоштадот пред храмот го отслужи Патријархот Максим, беше прочитана петиција за воведување на веронаука, која потоа беше испратена на претседателот на државата и на Министрството за образование.

 

     

 

     

 

Извор: Официјалниот сајт на БПЦ