40 години автономија на Јапонската Православна Црква
 
 
 
 
 

40 години автономија на Јапонската Православна Црква (14.10.2010)

Во храмот на Покров на Пресвета Богородица во јапонскиот град Осака се одржаа свечености по повод 40 години од канонизацијата на светиот рамноапостолен Николај Јапонски и 40 години автономија, којашто Јапонската Православна Црква ја доби од Московската Патријаршија.

Со свеченостите чиноначалствуваше Поглаварот на Јапонската Православна Црква, Архиепископот на Токио и Митропоилит на Јапонија Даниил. Со благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил во празнувањето учествуваше делегација на Руската Црква, на чело со претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот Волоколамски Иларион.

 

 

Јапонската Православна Црква е основана од руски мисионер, архимандрит, подоцна Архиепископ Николај (Касаткин), кој во Јапонија дошол во 1861 година. Во 1870 година тој ја основал Руската Православна Црква во Јапонија. Ги превел на јапонски јазик Светото Писмо, богослужбените книги и во Токио го изградил храмот на Воскресение Христово.

 

Во 1912 година во Јапонија имало 33 илјади православни христијани и 266 парохии. Во 1970 година свети Николај е канонизиран за светител. Истата година Јапонската Црква стана автономна.

 

Јапонската Православна Црква денес има три епархии: Источно-јапонска, Западно-јапонска и Токиска. Од 2000 година Поглавар на Јапонската Црква е Даниил (Нусиро), Митрополит на Токио и на цела Јапонија. Покрај соборниот храм на Воскресението Христово во Токио, каде што се наоѓа и една Богословија, во 2005 година е основан првиот манастир на Јапонската Православна Црква, чиј настојател стана самиот јеромонах на Троице-Сергеевата Лавра Герасим (Шатов).

Во овој манастир редовно се издава часописот „Сејке Дзихо“ (Православен весник) на јапонски јазик и живее православно сестринство, а постои и здружение на православната младина.

Во 1879 година до соборниот храм во Токио е отворена Богословија. Од моментот на нејзиното основање до денес, предавањата се одржуваат исклучиво на јапонски јазик. Најдобрите богослови се праќани во Петербург во Санкт-Петербуршката духовна академија, а потоа доаѓаат во Јапонија како вероучители или свештеници. Бројот на богословите во Токиската Богословија никогаш не надминувала повеќе од десет.

 

Извор: Патриархиа.ру