Поглаварот на Руската Задгранична Црква учествуваше во работата на Светиот Синод на Московската Патријаршија
 
 
 
 
 

Поглаварот на Руската Задгранична Црква учествуваше во работата на Светиот Синод на Московската Патријаршија (15.10.2010)

На седницата на Светиот Синод на Руската Православна Црква, којашто се одржа на 6 октомври во Москва, учествуваше и поглаварот на Руската Задгранична Црква, Митрополитот Источно-американски и Њујоршки Иларион. На отворањето на седницата Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил нагласи дека ова е првпат Поглавар на Руската Задгранична Црква да учествува во редовното заседание на ова црковно тело. „Тоа сведочи за развојот на процесот започнат со потпишувањето на Актот за канонско општење и со Божја помош овој процес ќе се развива и во иднина“, рече поглаварот на Руската Православна Црква.

Актот за канонско општење на Московската Патријаршија и Руската Задгранична Црква беше потпишан на 17 мај 2007 година во московскиот храм на Христос Спасителот.

 

Извор: Патриархиа.ру