Моштите на свети Симеон Богопримец вратени на Ерусалимската Патријаршија (17.10.2010)
Задарскиот бискуп на Римокатоличката црква (Хрватска) ги предаде моштите на свети Симеон Богопримец на Ерусалимската Патријаршија. Според зборовите на архиепископот Теофилакт од Ерусалимската Патријаршија овој чин „треба да биде запишан со златни букви во историјата на Ерусалимската Православна Црква“.
Нетлените мошти на св. Симеон Богопримец, којшто го држеше во своите раце Богомладенецот Исус, Кој согласно старозаветната заповед беше принесен пред Бога во ерусалимскиот храм, биле пренесени од Ерусалим во Цариград во времето на императорот Јустинијан. Тие биле положени во новоизградениот храм во чест на свети апостол Јаков брат Господов. Во 12 век после IV крстоносен поход, кој завршил со разграбување на Цариград од страна на западните витези, моштите на свети Симеон заедно со многу други непроценливи реликвии биле однесени на Запад. Најпрво моштите на светителот требало да бидат однесени во Венеција, но поради настаната бура на Јадранското море бродот бил принуден да побара прибежиште на денешното хрватско крајбрежје, коешто тогаш се наоѓало под власт на Венеција. Така моштите на свети Симеон Богопримец останале во денешниот град Задар.
Извор: Дверибг.нет