За празникот на света Параскева во Јаши
 
 
 
 
 

За празникот на света Параскева во Јаши (22.10.2010)

Како и секоја година, празникот на света Параскева беше повод на значајни свечености во Јаши (Романија) од 9 - 18 октомври.

Моштите на Светителката, кои се чуваат во катедралата, беа изложени на олтар поставен надвор за поклонение на верните, и беа носени во литија низ градот. Од 1996 година, Митрополијата Јаши секоја година на овој празник покрај моштите на света Параскева донесува и мошти на друг Светител; оваа година тоа беа моштите на свети Максим Исповедник, кои беа донесени од Света Гора.

Пред, за време и по празникот (четврток, 15 октомври) околу еден милион верници дојдоа за да се поклонат на моштите на овие Светители, формирајќи редица во должина речиси четири километри, и во која требаше да се чека 26 часа за да се стигне до местото каде што беа положени моштите.

Неговото Блаженство Патријархот Даниел пристигна оваа година во Јаши за да присуствува на настанот и да отслужи свечена Литургија на празникот, на 14 октомври, пред катедралата, околу која се собраа стотици илјади луѓе. Нему му сослужуваа Архиепископот на Јаши Митрополитот Теофан и други Владици од различни региони на земјата и од неколку странски земји.

 

Извор: Basilica.ro