Цариградскиот Патријарх Вартоломеј во посета на Романската Православна Црква
 
 
 
 
 

Цариградскиот Патријарх Вартоломеј во посета на Романската Православна Црква (29.10.2010)

За време на официјалната посета на Романија Цариградскиот Патријарх Вартоломеј присуствуваше на вонредната празнична седница на Светиот Синод на Романската Православна Црква по повод објавата на наредна година за „Година на Православниот симбол на верата и годишнина од автокефалноста на Романската Црква“ во рамките на 125-годишнината од објавувањето на автокефалноста на Романската Православна Црква (1885 г.) и 85 години од нејзиното издигнување во ранг на Патријаршија во 1925 г. На седницата присуствуваше исто така и Францускиот митрополит Емануил, Пергамскиот митрополит Јован Зизијулас, Митрополитот на Драма Павле, професори, духовници и студенти од духовните семинарии. На почетокот на сесијата беше претставен детален извештај за дејноста на романските епархии од секретарот на Светиот Синод епископот Кипријан. Потоа беше прикажан филм за историјата на Романската Православна Црква, проследен со презентација на две јубилејни изданија „Почесни титули и одличја на Вселенската патријаршија за митрополитите на Унгро-Влахија (14-18 век)“ од академик Емилијан Попеску, и трилогија, посветена на автокефалијата на Романската Црква.

 

 

                 

                                                                        Пречек на Патријархот Вартоломеј на аеродромот во Букурешт  

 

       

 

 Празнување на светителот Димитриј Нови, заштитник на Букурешт

 

   

                                                                                                                      Осветување на Центарот на културното наследство
                                                                                                                       на Романската Православна Црква

Извор: Basilica.ro