Бугарскиот Патријарх Максим го отпразнува својот 96-ти роденден
 
 
 
 
 

Бугарскиот Патријарх Максим го отпразнува својот 96-ти роденден (02.11.2010)

На 29 октомври во Тројанскиот ставропигијален манастир Неговата Светост Бугарскиот Патријарх Максим го отпразнува својот 96-ти роденден. На овој ден Божествена Литургија во манастирот отслужи Митрополитот Неврокопски Натанаил во сослужение со архиереите на Бугарската Православна Црква. За време на Литургијата беше совршена архиерејска хиротонија на архимандритот Григориј во епископ Браницки, викар на Софиската митрополија. После Божествената Литургија и благодарствениот молебен со поздравно слово до Бугарскиот Патријарх Максим од името на архиереите, духовништвото и паствата на Бугарската Црква се обрати Русенскиот Митрополит Неофит.

 

                           

 

 

Извор: Mospat.ru