Десетици илјади верници го прославија споменот на 100.000 грузиски маченици (15.11.2010)
Десетици илјади верници се собраа во сабота на Метехскиот мост во Тбилиси, каде што Патријархот Илија II отслужи молебен во чест на 100-те илјади грузиски маченици, убиени по заповед на хорезмскиот шах Џелад ад-Дин. Тие одбиле да поминат по мостот и да ги газат со нозете таму поставените икони на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица, и затоа биле обезглавени и фрлени во реката Кура. По повод годишнината на ова случување, во сабота беа одржани литии од различни места во главниот град кон Метехскиот мост. „Грузија треба да се гордее со хероизмот на своите предци, коишто не си ја сменија верата и до крај Му останаа верни на Христос... и тоа уште повеќе ги исполнува нашите души со вера“, рече меѓу другото поглаварот на Грузиската Православна Црква. После сенародниот молебен, во водите на реката Кура беа пуштени цвеќиња, коишто ја покрија речиси целата река кај Метехскиот мост.
Извор: Dveribg.net