Владимир Путин се поклони на моштите на свети Јован Крстител во Софија (16.11.2010)
Бугарскиот Патријарх г. Максим се сретна со премиерот на Руската Федерација г. Владимир Путин во катедралниот храм на светиот принц Александар Невски во Софија.
Владимир Путин пристигна во храмот на светиот Александар Невски, придружуван од премиерот на Бугарија г. Борис Борисов.
Г. Путин штом влезе во храмот се прекрсти и запали свеќа, а потоа се поклони на моштите на светиот Јован Крстител кои беа пренесени од Созопол во Софија.
Премиерот Путин се сретна со Патријархот на Бугарија Максим внатре во храмот. Патријархот Максим му посака на г. Путин долг живот, среќа и благодат од Бога за делата што ги врши за полза на народот. Исто така Патријархот на Бугарија побара од премиерот Владимир Путин да му ги пренесе најтоплите поздрави до Патријархот Московсаки и на цела Русија г. Кирил.
„Голема чест е што ве запознавам и што го посетувам овој храм. Овој храм е еден од најсветлите символи на духовната и историската близина на нашите народи“,
нагласи помеѓу другото г. Путин во своето обраќање кон Патријархот Максим.
Премиерот Владимир Путин му подари на Патријархот Максим икона од Богородица Казанска.
Извор: Romfea.gr