Нов Епископ во Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Нов Епископ во Руската Православна Црква (16.11.2010)

Во неделата, на 14 ноември 2010 година, во катедралниот храм во Москва беше отслужена Света Архиерејска Литургија, со која началствуваше Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил.

За време на Литургијата Патријархот Кирил изврши хиротонија на Архимандритот Варнава Сафонов во Епископ Павлодарски.

Архимандритот Варнава беше избран за Епископ од страна на Светиот Синод на Руската Црква на 6 октомври 2010 година.

Епископот Варнава е роден на 21 февруари 1957 година во населбата Света Троица, која е во околината на Волгоград. Студирал на Богословскиот факултет во Москва од 1981 до 1985 г., а неговиот дипломски труд беше со наслов „Феноменот на религиозната световност“.

На 2 ноември 1979 година бил потстрижен за монах во Лаврата на Свети Сергеј, а на 10 ноември 1990 година стана Архимандрит.

 

        

 

                                        

 

               

 

                               

 

Извор: Romfea.gr