Во Ерусалимската Патријаршија празнување на преносот на моштите на светиот Георгиј
 
 
 
 
 

Во Ерусалимската Патријаршија празнување на преносот на моштите на светиот Георгиј (23.11.2010)

На 16 ноември 2010 година, беше прославен празникот на преносот на моштите на светиот великомаченик Георгиј во градот Лида, кој што е наречен и Георгиуполис. Лида е познат како древен елински град со името Диосполис, бидејќи бил еден од центрите на култот на Диос. Во Лида апостолот преку повикувањето на Исусовото име го исцелил парализираниот Енеан. Од Лида тргнал апостолот Павле и дошол во Јопија, каде што ја воскреснал милостивата Тавита (Дела. 9, 36-42).

Христијаните од оваа првохристијанска заедница ги примиле моштите на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, кој по татко потекнувал од Кападокија, а од мајка од Палестина, и кој пред своето маченичко пострадување во Рим од Диоклицијан во 305 година му имал оставено во аманет на својот служител да го пренесе во местото од каде потекнувал.

Христијаните од Лида го погребале телото на Светителот во нивниот град со сите почести за маченик.

Кога, според Божјиот домострој, дошло времето и заблескала благочестивоста во времето на светиот император Константин Велики во 312 година, по барање на христијаните од Лида тој подигнал величествен храм над гробот во кој бил погребан Светиот Георгиј. Тој храм, обновен, од тогаш станал катедрален храм во Лида. Храмот сѐ до денес, како свештено поклоничко место на чие чело е игумен јеромонах од братството на Светиот Гроб, претставува и парохиски храм во Лида, каде што бројот на православните изнесува околу 3000.

Патријархот Ерусалимски г. Теофил со своите придружници пристигна на 16 ноември заради празникот на преносот на моштите на светиот Георгиј и споменот на обновувањето на неговиот храм.

По Литургијата Патријархот приреди ручек за присутните, помеѓу кои беа и дипломатски претставници на Грција, Србија и Украина и градоначалникот г. Илан Харари.

Покрај во Лида, празникот беше прославен и во Ерусалим во манастирот на светиот Георгиј во Стариот Град.

Во манастирот на светиот Георгиј во Беѕала, помеѓу Витлеем и Хеброн, со Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Авилонски г. Доротеј со учество на верници од Витлеем, и Беѕала.

 

         

 

           

 

Извор: Romfea.gr