Руската Православна Црква доби имот за изградба на храм во Кипар
 
 
 
 
 

Руската Православна Црква доби имот за изградба на храм во Кипар (25.11.2010)

Никозија, 22 ноември - Руската Православна Црква доби во сопственост имот во близина на градот Лимасол во Кипар. Документот за сопственост на имот беше предаден денес на Одборот за изградба на храмот на Свети Никола, кој ќе биде подигнат на ова земјиште. Тоа ќе биде главната православна црква за рускојазичната заедница на островот.


„Руската земја се зголеми за еден хектар - рече членот на Одборот Валериј Гусев - Владата на Република Кипар го одобри преносот на овој имот на Руската Црква, кој ѝ го подари Кипарската Православна Црква. Тој е регистриран на името на Руската Православна Црква, со неограничено право на сопственост.“

 

Преговорите за преносот на имотот и почетокот на изградбата траеја повеќе од 10 години. Во 2009 година, Патријархот Московски и на цела Русија Кирил го благослови проектот за црковниот комплекс, кој ќе вклучува црква, камбанарија, и конак за поклоници. Проектот исто така беше поддржан од страна на поглаварот на Кипарската Православна Црква Архиепископот Хризостом II.

 

Извор: Православие.ру