Пет години од востоличувањето на Eрусалимскиот Патријарх г. Теофил (28.11.2010)
На 22 ноември 2010 година, братството на Светиот Гроб и Христоименитата полнота на Сионската Црква во радост и според поредокот ја отпразнува петтата годишнина од востоличувањето на Ерусалимскиот Патријарх г.Теофил.
По тој повод беше извешено благодарствено Славословие во храмот на Воскресението. Со Славословието началствуваше Ерусалимскиот Патријарх г. Теофил, а учествуваа Архиереите од Светиот Гроб, Митрополитот Пловдивски Николај од Бугарската Патријаршија и Архиепископот Томис од Романската Патријаршија, заедно со јеромонаси од Ерусалим и други области од јурисдикцијата на Патријаршијата, свештеници, монаси, монахињи, поклоници, учители и професори од Патријаршиските школи. По Славословието следеше искачување на Патријархот на Патријаршискиот Трон, празничен прием и вообичаените поздрави, по што беше приредена празнична трпеза.
Извор: Romfea.gr