Рускиот Патријарх Кирил би сакал да лета во вселената
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Кирил би сакал да лета во вселената (02.12.2010)

Москва. 1 декември. Интерфакс - Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ја изрази својата желба да лета во вселената, соопшти во средата шефот на Руската вселенска агенција Анатолиј Перминов.

„Доколку постои можност за тоа, Патријархот би сакал да лета во вселената. Дознавме дека тој во свое време поминал 19 тренинг-сесии на авионот „МиГ“, ги поминал сите степени за управување со авион“ - рече А. Перминов на традиционалниот собир со космонаутите што ќе отпатуваат на Меѓународната вселенската станица во декември.  

Според неговите зборови, Патријархот изјавил дека Црквата ја поддржува дејноста во Земјината орбита, и изразил голем интерес за тренинг во центарот за обука на космонаути.

 

                 

 

Извор: Interfax-religion.ru