Во Бугарија регистриран првиот црковен телевизиски канал
 
 
 
 
 

Во Бугарија регистриран првиот црковен телевизиски канал (06.12.2010)

Денес телевизискиот канал се емитува само на интернет, но веќе е направен договор меѓу Пловдивската митрополија и локалниот кабелски оператор за скорашно емитување и на телевизија. „Ние би сакале секој христијанин да има можност да го гледа емитувањето и на телевизија, не само на интернет“ – рече архимандритот Арсениј, којшто е исто така и директор на телевизискиот канал и раководител на телевизиската екипа од 20 луѓе.

Проектот започна во февруари 2010 година, на иницијатива на Пловдивскиот Митрополит Николај - на интернет во живо се емитуваа литургиите на Владиката. Во рамките на проектот се прикажуваа и филмови со црковно-историска тематика. Голема желба на соработниците на идниот телевизиски канал е да се започне со првите во земјата црковни вести.

Новата програма ќе овозможи емитување на репортажи за различни манастири од сите страни на светот, емисии на црковни теми, коишто ќе ги водат самите свештеници, ќе се прикажуваат детски филмови и ќе се емитуваат онлајн вечерни молитви и свечени молебни.

Во својство на продуцент на првиот црковен телевизиски канал e Пловдивската Митрополија.

 

Извор: Pravoslavie.ru