Во Романската Православната Црква денес се празнува светата маченичка Филотеја (07.12.2010)
Романската Православна Црква на 7 декември ја празнува светата маченичка Филотеја, чии што чесни мошти се наоѓаат во црквата на манастирот Куртеа де Арџеш, и која е една од најчествуваните маченички на романската територија.
Светата маченичка се родила на почетокот на 13 век, во близина на градот Трново (денешно Велико Трново во Бугарија) во сиромашно селско семејство. Била воспитана во права вера и вистинска побожност од нејзината мајка, која преминала во вечноста додека светата маченичка сѐ уште била мала. Света Филотеја на 12-годишна возраст се преселува во прегратките на Бога бивајќи убиена од нејзиниот татко, поради тоа што била затекната како им дели храна на сиромашните. Нејзините мошти останале во Трново, а биле пренесени во Ромаската земја после 1393 година кога територијата на Трново потпаѓа под Турците. Се смета дека од тука за кратко време биле пренесени во Видин, најверојатно до 1396 година. За да не бидат осквернати му биле понудени на Господарот, Војводата Мирчеа Чел Батран (Стариот) (1386-1418), кој ги поставил во црквата на свети Николај во Куртеа де Арџеш, која во тоа време била катедрално седиште на Митрополијата и чиј ктитор бил Господарот Басараб, првиот основополжник, и неговиот син Николае Александру. Моштите на Светителката останале таму сѐ до 1893 година. Но, поради неповолната состојба во кој западнала црквата тие биле пренесени во црквите: Свети Георгиј и Успение на Пресвета Богородица во истата област. За време на првата светска војна кога поголем дел од земјата бил окупиран од непријателски трупи, моштите биле пренесени во параклисот на манастирот Антим во Букурешт, а после завршувањето на војната биле повторно донесени во Куртеа де Арџеш, но овој пат поставени во големата црква чиј ктирот бил Неагое Вода Басараб. Од 1949 година се поставуваат во параклисот до самата црква и до ден-денес се наоѓаат таму.
На 28 февруари 1950 година, Светиот Синод на Романската Православна Црква одлучува за празнувањето на одредени светители, чии мошти се наоѓаат на Романска територија, а помеѓу нив и на светата Филотеја од Арџеш. Специјалната служба посветена на неа била одржана во октомври 1955 година во Куртеа де Арџеш, во присуство на Патријархот Јустинијан Марина и на голем број романски и странски архиереи кои биле поканети.
На овој ден илјадници верници доаѓаат во Куртеа де Арџеш за да се поклонат на моштите на Светителката. Неговото Високопреосвештенство Калиник, Архиепископ на Мушчел и Арџеш, на овој празник отслужи празнична Божествена Литургија во катедралната црква.
Извор: Basilica.ro