На денот на свети Николај отслужена Божествена Литургија во старата базилика во Мира Ликиска (26.12.2010)
На 6 декември, на денот на споменот на свети Николај Чудотворец (по нов стил), беше отслужена Божествена Литургија во старата базилика на свети Николај во Мира Ликиска (денес – град Демре).
Литургија во чест на овој Светител се служи еднаш во годината од 1983 година, кога за тоа дадоа одобрение турските власти. Во останатото време базиликата функционира како музеј.
Во базиликата на свети Николај до 11 век се чувале неговите чесни мошти. Во 1087 година храмот бил ограбен од крстоносците, а моштите биле однесени во градот Бари. Храмот престанал да функционира во 1923 г., кога христијанското население било принудено да го напушти градот.
Извор: Bogoslov.ru