Добротворни акции воочи Божик во Москва (07.01.2011)
Во предвечерието на Христовото Рождество во Москва се одржа добротворен празник на лед.
Годишната добротворна акција „Светите дела – на децата!“ беше отворена во вторникот на 4 јануари 2011 година во 13 часот на московското лизгалиште „Катка на Петровке“.
Акцијата се одржува секоја година со поддршка на синодалните оддели на Московската Патријаршија – Одделот за млади и Одделот за религиозно образование и катехизација. На свеченоста беа поканети над 200 деца од вероучилиштата во Москва.
Цел на акцијата е обновување на традицијата на руската зима, духовно-морално воспитание на младите, како и превенција на негативното влијание на „улицата“ врз децата. Во рамките на празникот за децата беше организирано лизгање на лизгалки, игри и конкурси, како и вкусни послужувања. Покрај тоа, децата се сретнаа со претседателот на синодалниот Оддел за млади, епископот Браницки Игнатиј, којшто им зборуваше за духовните аспекти на човековиот живот и за претстојниот празник на Рождество Христово. Исто така децата имаа можност да разговараат со познати политичари, уметници и спортисти, кои го поддржуваат здравиот начин на живот. Сите учесници на акцијата добија подароци и бесплатни билети за лизгалиштата во Москва и Подмосковието.
Извор: Pravoslavie.ru