Украинско село даде 220 свештеници
 
 
 
 
 

Украинско село даде 220 свештеници (03.02.2011)

Скоро секое семејство во малото украинско село Залесци, Волинска епархија, воспита свештеник. Од селото излегоа 220 свештеници, а во него живеат вкупно 500 семејства. Според жителите на селото, ова се објаснува со фактот дека тие имале силен духовен наставник за време на советската власт – настојателот на локалниот храм монахот Сава, како и близината на селото со Почаевската лавра. Монахот Сава доаѓал во селото од лаврата, основал црковен хор при храмот, ги убедувал луѓето да не се плашат да одат на црква. За време на големите празници, селото било опкружено со милиција, за да не можат надворешни луѓе да се присоединат. Монах Сава почина пред 15 години во длабока старост, но плодовите од неговото дело се живи и до сега.

 

„Нашите луѓе се верници, во селото нема злосторства. Тешко некој од нашите да се осмели да наруши Божја заповед“, вели секретарот на локалниот селски совет. Сега свештениците од Залесци служат во православните храмови во Украина, Русија, Белорусија, Германија. Секоја година на 2 август, кога се празнува светиот пророк Илија, тие се собираат на собор во родното село. Многумина млади учат во семинариите и Духовните академии во Украина.

 

Извор: Двери.бг