Недела на Самарјанката во Ерусалим (26.05.2011)
Повеќе од петстотини православни свештеници од неколку помесни Православни Цркви пристигнаа во Ерусалим за да ја отпразнуваат Неделата на Самарјанката во градот Наблус (Сихем, денешна Палестина), каде што се наоѓа изворот на светиот патријарх Јаков и каде што се случила средбата меѓу Самарјанката (подоцна света маченичка Фотина) и Спасителот Господ Исус Христос. На празникот имаше делегации од Грчката, Кипарската, Руската и Украинската Православна Црква.
Во црквата на Вознесението Господово, изградена на местото каде што светата царица Елена ја подигнала првата црква во 4 век, беше отслужена свечена Божествена Литургија возглавена од Ерусалимскиот патријарх Теофил. Храмот беше преполн со верен народ којшто пристигна од различни краишта на православниот свет. Повеќе од 20 свештеници ги причестуваа верните, и речиси сите примија Света Причест. Патријархот Теофил ги пречека епископите, свештениците, ѓаконите, монасите и монахињите, и сите поклоници и ги поздрави со „Христос воскресна!“.
Изворот на свети Јаков со векови се чува од Ерусалимската Патријаршија, но истовремено го почитуваат и Евреите. На ова место на 29 ноември 1979 година пострада маченички архимандрит Филумен, којшто пред две години беше канонизиран од Ерусалимската Патријаршија. Неодамна на ова свето место беше изградена црква посветена на света Фотина Самарјанката, со мал параклис во чест на светиот маченик Филумен.
Наблус (Сихем)
Црква на Вознесението Господово во Наблус
Изворот на св. Јаков каде што се случила средбата Светиот маченик Филумен
меѓу Самарјанката и Господ Исус Христос