Историска Литургија во Њујорк
 
 
 
 
 

Историска Литургија во Њујорк (13.06.2011)

Митрополитот Јона, поглавар на Православната Црква во Америка, и Митрополитот Иларион, поглавар на Руската Задгранична Црква, на 24 мај, на празникот на светите Кирил и Методиј, отслужија Света Литургија во црквата на свети Никола во Њујорк, којашто се наоѓа под јурисдикција на Руската Православна Црква.

Ова беше историско случување, бидејќи станува збор за прво сослужување на архиереите на Американската и Руската Црква после речиси 70 години, како плод на грижливата работа на заедничката комисија на Православната Црква во Америка и Руската Задгранична Црква.

После Литургијата, Митрополитот Јона му подари на Митрополитот Иларион дел од моштите на свети Герман Аљаски и свети Алексеј Тот, а Митрополитот Иларион возврати со тоа што му подари на Митрополитот Јона дел од моштите на свети Јован Шангајски. Митрополитите, исто така, упатија порака и честитки до Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, по повод неговиот именден.

 

 

 

 

  

Извор: ОСА