Прв храм на Руската Православна Црква на Арапскиот полуостров (14.06.2011)
На 2 јуни 2011 година, на празникот Вознесение Христово, беа поставени крстови на куполите на православната црква на свети апостол Филип во Шарјах, Обединети Арапски Емирати. Ова е прва руска православна црква изградена не само во ОАЕ, туку и во цела Арабија. Таа е исто така и единствената црква на полуостровот.
Овој важен настан во животот на православната заедница во ОАЕ беше овозможена благодарение на специјалното одобрение од страна на Шеикот Султан бин Мохамед Ал-Касим. Така последната фаза од изградбата на православниот комплекс беше завршена. Покрај пет-куполната црква на свети Филип, комплексот вклучува и триспратна зграда наменета за руски културен и образовен центар.
Камен-темелникот на рускиот православен и културен центар во Шарјах беше осветен со благослов на Неговата Светост Антиохискиот Патријарх, на 9 септември 2007 година, од страна на Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил (сегашен Патријарх Московски и на цела Русија).
Парохијата на свети Филип е основана со заеднички договор меѓу поглаварите на Руската Црква и Антиохиската Црква. Таа е под канонска јурисдикција на Антиохиската Патријаршија, којашто ја опфаќа и Арабија. Според договорот, во црквата и руската заедница во Шарјах служи клирик на Московската Патријрашија.
Извор: Mospat.ru