Митрополитот Иларион Алфеев испрати предупредување до учесниците на соборот во Фанар (04.09.2011)
Во интервју за весникот „Етникос кирикас“, издание на грчката дијаспора во Америка, Волоколамскиот Митрополит Иларион (Алфеев) испрати предупредување од името на Московската Патријаршија до учесниците на собирот во Фанар „да не донесуваат решенија, коишто ќе го загрозуваат единството на Православието“. Весникот ги посочува податоците за бројноста на Руската Црква, којашто има 150 милиони верници вклучувајќи ги верниците надвор од Русија (во Русија се повеќе од 100 милиони), 222 високи архиереи, 150 митрополити, 30 илјади парохии, 30 илјади свештеници и 800 манастири.
Извор: Дверибг