Патријархот Вартоломеј ќе свика собор на поглаварите на сите автокефални Цркви (04.09.2011)
Вчера, на 3 септември заврши соборот на поглаварите на петте стари Цркви во Фанар, Истанбул, под претседателство на Цариградскиот Патријарх.
Во врска со прашањето за подготовка за Свет и велик собор на Православната Црква на соборот е донесена одлука да се забрза процедурата за негова подготовка, со цел во блиска иднина да се овозможи негово одржување. Учесниците искажуваат жалење поради безизлезот во работата на меѓуправославната комисија во февруари оваа година, којшто се должи на употребата на Правилник за работа на Сеправославните претсоборни советувања, кој наложува решенијата да се донесат со консенсус. Поради ова Вселенскиот патријарх ќе свика собор на патријрсите и поглаварите на Православните автокефални Цркви, којшто ќе ги преиспита наведените прописи, за да може да се забрза и заврши поготовката за Свет и велик собор.
Извор: Дверибг.нет