Литургија на највисокиот врв во Русија (29.09.2011)
Со благослов на епископот Пјатигорски и Черкески Теофилакт, група верници, на чело со јеромонахот Игор (Васиљев), се искачи на Источниот врв на планината Елбрус, каде што потоа беше отслужена Божествена Литургија.
Планината Елбрус се наоѓа на Северен Кавказ, а неговите врвови се највисоките врвови на територијата на Русија. Западниот врв Елбрус е висок 5642 м, а Источниот 5621 м. Во искачувањето и Литургијата учествуваа луѓе од разни градови ширум Русија. Сите учесници, освен опремата и храната, носеа по дваесет килограми терет - предмети што беа потребни за богослужбата. Во последната етапа на искачувањето, од местото каде што им беше поставен логорот до врвот, тие држеа евхаристиски пост. На Источниот врв престојуваа повеќе од 6 часа, а потоа се вратија во логорот.
Извор: Православие.ру