Руската држава основа Фонд за поддршка на манастирот Свети Пантелејмон на Света Гора (03.10.2011)
На 30 септември, во резиденцијата на претседателот на Русија се одржа првата седница за поддршка на манастирот Свети Пантелејмон на Света Гора.
„Познати ни се сите тешкотии со кои се соочувал манастирот, и неговото значење за нашиот народ како и за нашата држава. Затоа е потребно да го разгледаме прашањето за создавање за згрижувачки совет, кој ќе се занимава со поддршка, помош на манастирот во решавањето на различните задачи“, рече Дмитриј Медведев, на отворањето на седницата.
Тој истакна дека животот на рускиот манастир на Света Гора во 20 век бил многу тешок. „Ова било поврзано со драматичните случувања, коишто настанале во нашата земја, во Русија, а потоа за време на советскиот период, но денес ситуацијата е изменета, затоа се надевам дека нашиот скромен придонес ќе го овозможи возобновувањето на манастирот“, рече тој.
Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил одговарајќи на тоа рече: „Всушност оваа седница сведочи за тоа дека ние живееме во нова Русија. За судбината на манастирот, од кого еднаш се откажа нашата земја, предавајќи го на заборав, денес се загрижени не само поклониците, не само духовништвото, не само епископите на нашата Црква, туку е загрижена и руската држава во лицето на нејзиниот претседател“. Поглаварот изрази надеж дека оваа средба „ќе постави почеток на новата страница во историјата на рускиот манастир Свети Пантелејмон на Света Гора“.
Извор: Православие.ру