Во Мадрид ќе се гради православен храм (07.10.2011)
На 5 октомври, настојателот на парохијата во чест на Рождеството Христово во Мадрид, о. Андреј Кордочкин, доби официјална дозвола за изградба на храм на Руската Православна Црква во шпанскиот главен град.
Според условите на трансферот на земјиштето изградбата на храмот треба да започне во рок од два месеци по добивањето на дозволата. Се претпоставува дека осветувањето на камен-темелникот ќе се одржи во почетокот на декември 2011 година.
Потпишувањето на согласноста за доделување на земјиште на Руската Православна Црква од страна на градските власти се одржа на 9 јули 2010 година. Земјиштето е со површина од 756 кв.м. и се наоѓа во престижната област на Мадрид, недалеку од станицата Pinar Del Ray. Ова ќе биде прва црква од камен на Руската Православна Црква на Иберискиот полуостров.
Во 1761 година во Мадрид била основана парохија во чест на света Марија Магдалена што постоела до 1882 година. Во послевоениот период во шпанскиот главен град дејствувала домашна црква во чест на свети Серафим Саровски во домот на руското императорско семејство.
Парохијата во чест на Рождеството Христово е основана во 2001 година, и до ден-денешен богослужбите се совршуваат во просториите на поранешна продавница за мебел.
Прашањето за неопходноста за изградба на храм одамна бил разгледуван, но главна улога во решението следеше после посетата на рускиот претседателот Д. Медведев на Шпанија во март 2009 година. На 1 март 2009 година сопругата на претседателот С.В. Медведева ја посети парохијата. Во текот на посетата градоначалникот на Мадрид А.Р. Гаљардон вети дека ќе го реши прашањето за доделување на земјиште за изградба на храм на Руската Православна Црква.
Со благослов на Рускиот Патријарх Кирил во Министерството за култура на Шпанија беше регистриран Христорождественски фонд, којшто го основа настојателот на парохијата свештеникот Андреј. Во состав на згрижувачкиот совет се и раководителот на Управата на Московската Патријаршија за задгранични установи Архиепископот Егоревски Марк и великата кнегинка Марија Владимировна којашто живее во Мадрид.
Извор: Православие.ру