Новопрославени светители во Романската Православна Црква (06.11.2011)
Во сабота на 29 октомври, кон ликот на светите на Романската Православна Црква приброен е Митрополитот Трансилваниски Андреј Шагуна (1873). Цермонијата е извршена во митрополитскиот храм во градот Сибиу, во присуство на архиереи од Грчката и Романската Црква, претставници на други помесни Пправославни Цркви, претседателот на Романија Трајан Ббасеску, претставници на државните институции и власти, и илјадници верници.
Светата Литургија ја отслужија Патријархот Романски Даниил и Патријархот Александриски и на цела Африка Теодор (кој е во официјална посета на Романија), во сослужение на повеќе архиереи и свештенство.
После светата служба Патријархот Даниил зборуваше за големината и значајот на личноста на Митрополитот Андреј Шагуна, кој изградил „стотици романски училишта во Трансилванија и две средни училишта. Како средство на мисионерство и ширење на верата, и заради зацврстување на романското единство во Трансилванија го основал романскиот весник „Телеграфул“, кој без прекин излегува до ден-денешен. Го превел Светото Писмо. Свети Андреј Шагуна ни го остави и црковниот устав којшто нашата Црква во голем дел и денес го користи. Тој беше неуморен борец за одбрана на Православието и достоинството на православните во Трансилванија.“
Наредниот ден, во недела на 30 октомври, во трансилванскиот град Алба Јулиа, прославен е уште еден Митрополит Трансилваниски, Симеон Стефан (1656), во присуство на патријархот и повеќе архиереи на Романската Црква и делегација на Атинската Архиепископија и Александриската Патријаршија.
На верните во оваа прилика им се обрати и Митрополитот Патраски Хризостом, кој се наоѓа на чело на делегацијата која со благослов на Атинскиот Архиепископ Ероним донесе во Романија свети мошти на апостол Андреј. Тој изрази радост заради учеството во канонизаијата на двајцата трансилваниски митрополити и додаде дека неговата радост е уште поголема кога ќе види „колку верен народ учествува во светата Евхаристија со многу побожност и вера“.
На свеченостите присуствуваа и многу претставници на државните институции, од локални власти, претставници на културните и просветните установи и илјадници верни од Романската Православна Црква.
Извор: basilica.ro