Во Грузија пронајдени нетлени мошти на преподобниот маченик Јосиф Мохеве
 
 
 
 
 

Во Грузија пронајдени нетлени мошти на преподобниот маченик Јосиф Мохеве (07.11.2011)

Во Казбеги (Кавказ), во клисурата Трусо, со благослов на Грузискиот Патријарх Илија II отворен е гробот на јеромонахот Јосиф Мохеве. Телото на упокоениот, меѓу дугото и неговото срце, е пронајдено нетлено, соопштува АТВ.

Податоците во врска со животот на Јосиф Мохеве се многу оскудни. Познато е дека живеел во 19 век, дека бил по потекло од Хева и дека служел во клисурата Трусо. Се празнува на 20 октомври.

Според зборовите на Митрополитот Димитриј (Шиолашвили), отец Јосиф Мохеве примил маченичка смрт за време на служење на Света Литургија. На неговото лице се видливи две рани: во пределот на очите, од бајонет и во пределот на устата, од куршум. Не се знае точно од чии раце свештеникот погинал. Според преданието убиството го извршиле поранешни муслимани што живееле во планините на Осетија. Отец Јосиф бил погребан во црковниот трем каде и што пострадал.

Синодот на Грузиската Православна Црква кој наскоро ќе одржи седница на која ќе го разгледа прашањето за канонизација на Јосиф Мохеве.

Извор: светигора