Во заштита на Ватопедскиот игумен. Вселенската Патријаршија молчи
 
 
 
 
 

Во заштита на Ватопедскиот игумен. Вселенската Патријаршија молчи (05.01.2012)

Старец Јосиф Ватопедски и игуменот ЕфремВо последната недела во Русија се појавија неколку иницијативи за поддршка на Ватопедскиот игумен, кој беше уапсен во деновите по Рождество Христово (нов стил). Меѓу нив имаше и изјава на Министерството за надворешни работи на Русија, писмо на Рускиот Патријарх Кирил до грчкиот претседател Папуљас, изјава на Волоколамскиот Митрополит Иларион до различни институции, обраќање до Европскиот суд за човекови права од рускиот фонд „Свети Андреј Првоповиканиот“, којшто ја организираше посетата на Ватопедскиот игумен Ефрем на Русија во предизборниот период, протести пред Грчката амбасада, огранизирани од фондот „Пријатели на Ватопед“ во Москва, како и митинзите во негова заштита во Санкт Петербург и други градови. Кипарските архиереи исто така се изјаснија во заштита на својот собрат, којшто е со кипарско потекло, како и повеќе од десет митрополити на Грчката Црква. Двајца бугарски митрополити исто така испратија писма во негова одбрана – Неврокопскиот Митрополит Натанаил и Пловдивскиот Митрополит Николај, кој испрати свое обраќање до грчките медиуми само ден после Неврокопскиот Митрополит.

При сето ова впечатливо е молчењето на Вселенската Патријаршија, под чијашто јурисдикција е Света Гора. Веројатно некаква изјава сепак ќе следи, но веќе една недела се молчи на оваа тема, којашто заради рускиот демарш стана водечка во црковните емисии ширум светот.

 

Извор: Дверибг.нет