Грузискиот патријарх ожалостен поради апсењето на игуменот на манастирот Ватопед
 
 
 
 
 

Грузискиот патријарх ожалостен поради апсењето на игуменот на манастирот Ватопед (11-01-2012)

 Патријархот на Грузија Илија II изрази жалење по повод апсењето на настојателот на манастирот Ватопед од страна на грчките власти.

„Ожалостени сме што е лишен од слобода игумен Ефрем“, кажа Патријархот во беседата во храмот Света Троица во Тбилиси, пренесува грчкиот портал Ромфеа.

Патријархот потсетува дека о. Ефрем неодамна престојувал во Русија, каде го однел појасот на Пресвета Богородица, кому му се поклонија милиони верници.

„А сега слушаме дека архимандрит Ефрем е во затвор. Тоа е многу жално. Ве молам да се молите за о. Ефрем“, рече Патријархот.

Неговата Светост потсети дека во Ватопед се подвизуваат и грузиски монаси. „Сочувствуваме со целата монашка заедница“, рече претстојателот на Грузиската Православна Црква.

„Ви пожелувам мир и радост. Сакајте ги своите непријатели. Тоа е, навистина, тешко. Ако не можете да ги сакате, тогаш барем молете се за нив“, рече Патријархот, завршувајќи ја својата беседа.

Патријархот на цела Грузија рече дека во наредните денови ќе биде објавена и негова официјална поддршка за архимандрит Ефрем.