Цариградската Патријаршија се огласи по повод апсењето на архимандрит Ефрем (11-01-2012)
Светиот Синод на Цариградската Патријаршија, после седницата одржана во вторникот на 10 јануари, предводена од Неговата Светост, Патријархот Вартоломеј, објави официјално соопштение по повод развојот на настаните поврзани со апсењето на архимандритот Ефрем, настојателот на манастирот Ватопед на Света Гора, која се наоѓа под канонска јурисдикција на Патријаршијата.
Во краткото соопштение се изразува „жалење поради развојот на настаните“, но се додава дека Цариградската Патријаршија „ја почитува независноста на правниот систем“, и избегнува „секакво мешање во тековните судски процеси“.
Светиот Синод на крајот се навраќа на неодамнешната изјава на „сестринските православни Цркви по ова прашање“, истакнувајќи дека иако на Света Гора се подвизуваат монаси од различни националности, Патријаршијата нема да дозволи „мешање од страна на било која помесна Црква“.