Светогорското монаштво објави протестна нота против апсењето на ватопедскиот игумен Ефрем (14-01-2012)
На 11 јануари во Атина објавено е протестно писмо на светогорското монаштво против држењето во затвор на ватопедскиот игумен Ефрем. Во него се вели дека одлуката на членовите на апелациониот суд е неправедна и неприфатлива, а исто така е окрактеризирано како непријателски акт спрема целата Црква, монаштвото и Света Гора.
Мислењето на светогорските монаси, воочливо се разликува од неодредените позиции кои ги зазеде Цариградската Патријаршија, во врска со притворањето на отец Ефрем, пренесува агенцијата Ромфеа.
Извор: „sedmitza.ru“