Отворена Руска православна мисија во Пакистан (13.02.2012)
Со благослов на поглаварот на Руската Задгранична Православна Црква Митрополитот Иларион, на територијата на Пакистан дејствува Руска православна мисија посветена на свети архангел Михаил.
На 30 јануари 2012 г. во Саргода, Пакистан, беше отворена православна парохија. Настојателот на парохијата отец Адријан Августус од Сиднеј служи и во Пакистан. Во мисијата веќе се крстени 57 Пакистанци и над 117 примија Миропомазание. Новата Руска православна мисија во Пакистан се наоѓа под јурисдикција на Австралиско-Новозеландската епархија на РЗПЦ.
Денес на територијата на Пакистан исто така дејствуваат мисии под јурисдикција на Цариградската Патријаршија и Копската Црква.